Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Дваесет граѓански организации од Македонија, преку успешни примери за лобирање, застапување и модели за партнерство меѓу организациите и локалните или централните власти, денес на велешко езеро учествуваа на Националната конференција за граѓанско општество „Низ призмата на граѓанските организации: Модели на партнерства со локалните или национални власти “, организирана од Фондацијата за одржлив економски развој – ПРЕДА Плус и германската организација ASB (Arbeiter-Samariter-Bund).

Граѓанските организации кои ги застапуваат интересите на граѓаните на локално ниво за здравство, социјална работа, екологија, млади, спорт и економија ги претставија своите уникатни начини на лобирање и партнерства со локалните или централните власти. Освен претставувањето, тие дебатираа и ја коментираа предлог - Стратегијата за соработка со невладиниот сектор 2018-2020.

Според Маријана Милевска, Директор на ПРЕДА Плус фондацијата истакна дека на овој начин локалните организации се запознаваат со контекстот во кој работат нивните колеги.

“Ја користиме приликата, организациите на локално ниво да излезат од својот контекст и да се запознаат со работата, успешните и помалку успешните модели на соработка со локалните власти. Наша цел е да учат од туѓото искуство и да се вмрежуваат за пошироко делување на одредени теми. Од друга страна, како граѓански организации сакаме да испратиме заеднички коментари на владината нацрт-Стратегија за соработка со невладин сектор, која е отворена за дискусија до 30 април годинава“ рече Милевска.

Нејзиниот колега, Тодор Ивановски, проектен менаџер во рамки на проектот „Раскажи ја својата приказна“, преку конкретен пример, објасни за соработката меѓу граѓанската организација Центар за културна деконтаминација и општина Битола на тема Културното наследство во функција на туризмот.

„Битола, градот на конзулите е амалгам на култури и историја, во приватните семејни колекции крие нераскажани приказни за луѓе, настани, семејни традиции, живо културно наследство кое ако се стави во функција на туризмот и ако се Раскаже приказната, има реална шанса да биде дел од туристичката понуда. Раскажи ја својата приказна, запознај локални луѓе, a не места. Центарот за културна деконтаминација Битола, преку својот проект го активира тој сегмент на микро туризам и во соработка со Општина Битола, го става во функција на локалната туристичка понуда“, рече Ивановски.

Фондацијата за одржлив економски развој – ПРЕДА Плус, во соработка со својот германски партнер Arbeiter-Samariter-Bund (ASB) го спроведуваат проектот „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации“, во рамки на Програмата за Граѓанско Општество и Медиуми (Civil Society Facility and Media Programme) на Европската Унија. Во јануари годинава, 20 граѓански организации добија грантови од „Активирај – Програмата за мали грантови.

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

PITIJADAVELES1

Најново