Ефикасен и ажурен Основниот суд во Велес во 2017 година
Судскиот совет на Република Македонија вчера го објави Годишниот извештај за работата на судовите во Македонија за 2017 година. Во него е оценета работата и на Основниот суд во Велес. Судот успеал да го совлада приливот на новопримени предмети и го намалил заостатокот на нерешени предмети, констатира Судскиот совет во Извештајот.
„Основен суд Велес ја започнал 2017 година со вкупно 2.249 нерешени предмети од претходната година. Во текот на годината судот прими 14.892 предмети, така што вкупно во работа имаше 17.141 предмет. Од вкупната бројка решени се 15.026 предмети, а на крајот на 2017 година нерешени останале вкупно 2.115 предмети“, пишува во посочениот Извештај.
Од страна на Судскиот совет на Република Македонија, Основен суд Велес за 2017 година е оценет како ефикасен и ажурен суд./У.Ј