Александар Бузалков и Кирил Лазов нови потпретседатели на ОК ВМРО ДПМНЕ Велес и Дејан Палашев избран за нов секретар
По изборот на претседател направени се и кадровските промени во Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ кои донеле нова енергија во партијата, подготвена да покаже почит кон сите граѓани, да подаде рака за секој што има било каква идеа, предлог и сугестија, соопшти на прес конференција новиот претседател Игор Здравковски. Тој обраќајки се на јавноста побара обединување изразено преку поддршка на програмските активности, партиските идеи и љубовта кон државата.
– Во животот за мене најзначајни вредности се чесноста, искреноста, транспаретноста, семејството, соживотот. Така ќе биде и во политиката. Цврсто ќе стојам зад овие вредности, затоа што сметам дека тоа е вистинскиот правец во кој треба да се движиме, рече Здравковски.
Исто така, Здравсковски соопшти дека за нови потпретседатели на комитетот во Велес се избрани Александар Бузалков и Кирил Лазов како и Дејан Палашев за нов секретар.
– Во Општинскиот комитет членуваат уште триесетина луѓе кои идат од различни професии како доктори, професори, правници, економисти, наставници, архитекти, луѓе вработени во приватниот сектор, луѓе сопственици на фирми и други. Сите до еден докажани професионалци, дел од нив поискусни со многу идеи, а дел се млади но многу енергични. Немаме никава дилема дека овој тим на наредните избори ќе донесе победа за ВМРО ДПМНЕ во Велес, затоа што велешани секогаш знаат да препознаат искрени и чесни намери, знаат да препознаат работа,а не празни ветувања, рече Здравковски.
Претседателот на комитетот во Велес најави дека во наредниот период ќе работи и на екипирање на партиските комисии и работни тела во Велес. Здравковски ги повика сите заинтересирани членови , симпатизери и граѓани, кои имаат желба преку личен ангажман да дадат приоднес во развојот на партијата да се јават на јавниот повик, што партијата ќе го објави за неколку дена, како би добиле можност за вклучување во работата и преку личниот ангажман би ја поддржале новата енергија на велешкиот комитет на ВМРО ДПМНЕ./У.Ј