(ФОТО) Сe отстрануваат времени објекти и се издаваат дозволи за градби на интересни локации во Велес
Општината, отстрани 23 времени објекти во реонот на улицата „Андон Шурков“ и од спротивната страна на Средношколскиот дом „Лазар Лазаревски“. Најголем број од нив се гаражи.
Локалната власт регистрирала над 250 времени објекти во градот кои ќе бидат отстранети овој или наредните месеци. Освен во новиот дел времени објекти ќе се отстрануваат и на главната сообраќајница како и во централното градско подрачје но и на спротивната, лева страна на градот.
Паралелно со расчистувањето на просторот што го зафаќаат времените објекти забележавме и една скоро започната изградба на парцела веднаш до популарно нареченената зграда „Вук“. Станува збор за локација на која порано се наоѓаше објект на Станбена задруга. Локацијата се наоѓа на парцела веднаш до главна сообраќајница, од спротивната страна на силосите на фабриката за масло „Благој Ѓорев“.
Според станарите во зградата „Вук“ стариот објект бил урнат преку ноќ и на негово место се подготвувала локацијата за изградба на висококатница. Тие негодуваат на издадената дозволата за градба на висококатница до нивната зграда иако не можеа точно да потврдат кој е инвеститорот./У.Ј