Прилепчанец се обдел да силува велешанка
Со возило од Прилеп дошол вчера во Велес, триесет и едногодишниот прилепчанец Е.Ш на договорена средба со четири години помладата велешанка С.Ш откако тие претходно биле пријатели на социјалните мрежи. Така ја договориле средбата што започнала како пријателска а завршила со насилство врз девојката и со обид за силување.
Прилешчанецот Е.Ш со автомобил ја пречекал дваесет и седум годишната С.Ш во градот за потоа да се упати кон објектот Спомен костурница, на ридот на излезот од Велес. Таму прилепчанецот почнал да ја присилува велешанката на сексуален однос но, таа го одбила по што тој ја натепал и нанел сериозни повреди на главата и по телото. Потоа додека С.Ш била во безсознание ја вратил во градот, ја исфрлил од возилото во близина сендвичара Круг и објектот на ЕВН во Велес.
-. Девојката ја виделе граѓани како во безсознание лежи на улицата. Тие повикале Брза помош и лекарска екипа, која ја пренела во болницата во Велес и каде и била укажана лекарска помош, рече портпаролот на СВР Велес Димитар Каракулев.
– Пациентката е примена на Невропсихијатриското одделение во Болницата околу 16 часот. Неа ја прегледал конзилијарен тим од лекари а биле направени и ренген снимки. Таа немала сериозни повреди но до вечерта до 22 часот лежела и била набљудувана од лекарите. И била препишана терапија и во присуство на нејзин родител си заминала на домашно лекување, рече Марина Андова портпаролка на Општа болница Велес.
СВР Велес презема мерки за целосно расчистување на случајот. /У.Ј