Вандалите ја секнаа водата и сега и се нафрлија на фонтаната на плоштадката под Којник
Не само што не трече вода од фонтаната на плоштатката на улица „Васил Ѓоргов“ на спојот со Којник туку таа трпи и демолирање. Пет пати седмично вработени од ЈКП„Дервен“ го собираат сметот а досега не забележаа дека вода нема и фонтаната е оштетена. Освен овие две покрупни работи исто така на плоштадката се искинати и жиците на оградата и се демолирани справите за играње на деца.
Плоштатка беше изградена пред 13 години. Сместена под дебелата сенка на јаворот неа ја користат за починка скоро сите граѓани кои живеат во овој дел на градот. Никој од нив до денеска не побара решение ни заштита за урбаната опрема, забавниот парк и фонтаната.
Вандалите систематски го уништуваат општо корисното добро создадено и купено со пари на граѓаните. Тие досега повеќе пати ја кинеа жичаната ограда и плоштатката ја правеа несигурна бидејќи од едната страна дирекно е поврзана со улицата по која се одвива сообраќај.
Сега Којничани се без вода а наскоро ќе останат и без фонтана. Ваквиот однос не ветува дека ќе се сочува и урбаната опрема. Постарите Којничани сметаат дека решението на проблемот ќе го дадат полицајците позорникари додека некој од нив велат дека повеќе од потребни се комуналните редари./С.А