Во четврток, рано наутро, прво авионско третирање против комарци во Велес
Утре наутро,во времетраење од 5 до 6 и 30 часот ќе се реализира авионско тертирање против комарци во градот. Тоа е прво во оваа година. Авионското третирање ќе се реализира на источната граница на општината, поточно започнувајќи од Езеро Младост, село Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од село Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и село Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и селото Горно Оризари.
Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.
„Се известуваат пчеларите во времето на третирањето и 3 до 4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, во петок на 1 јуни,“ пишува во соопштението на општина Велес.