ВМРО ДПМНЕ и СДСМ со реакција и контрареакција за воведување нови и покачување на стари комунални давачки
Како што централната власт носи одлуки кои се штетни за граѓаните на Република Македонија без никакви дебати, како во случајот со зголемувањето на акцизата за нафтени деривати за 3,5 денари, истата практика ја применува и локалната власт во Велес. Без никаква дебата и јавна расправа со новата одлука на Советот на општина Велес, по иницијатива на градоначалникот Аце Коцевски, граѓанините со секоја наредна сметка за вода ќе добиваат покачена сума за 1,6 денари по м2 од домот во кои живеат поради воведена такса за јавно зеленило и зголемена цена на услугата за јавна чистота. За споредба, граѓаните кои живеат во стан од 50 м2 ќе плаќаат за 90 денари повисока месечна сметка за вода , напишаа во денешната реакција од ОК на ВМРО ДПМНЕ во Велес.
Потсетувајќи го Градоначалникот Коцевски дека во изборната програма со која ветувал подобар живот за сите немал воведување на нови давачки опозициската партија реагира на воведената такса за јавно зеленило и на покачената цена на услугата за одржување на јавна чистота во градот. Советничката група на ВМРО ДПМНЕ со коалиционите партнери не гласале за двете одлуки но тоа иако еднаш го одбегнале, со образложение дека е потребно да се одржат јавни расправи со стручни лица, по втор пат го изласале советниците на СДСМ со коалиционите партнери.
Паушални и квазиполитички обвинувања по недомаќинското и расипничкото работење на претходната локална власт, неплаќањето на долгови и незаконското работење и неодговорноста кон граѓаните почнаа да излегува целосно на виделина, вака ОО СДСМ ја коментираат реакцијата на ВМРО ДПМНЕ. Од таму откриваат дека Законот за комунални дејности со обврзувачко утврдени цени за јавно зеленило ги донела ВМРО ДПМНЕ, додека била на власт, но тенденциозно не ги усвоила иако ја довела во опасност работата на ЈКП Дервен и на општина Велес.
„Само да ги потсетиме советниците од ВМРО ДПМНЕ дека оваа давачка е воспоставена од голем број на општини каде Градоначалници и мнозинство на советите во минатиот состав беа од ВМРО ДПМНЕ.
Велешани дали знаете дека возниот парк на ЈКП Дервен е целосно уништен од недомаќинското работење на претдходниот директор и Градоначалник. Дали знаете дека фактурите кои ЈКП Дервен ги пуштало на Општина Велес не се наплатени од 2013 година и изнесуваат милион и пол евра ? Само 2 камиони за собирање ѓубре функционираат затоа што некој раскрчмувал ,уништувал и наместо долгови кои требало да ги плати плаќале софри по кафани,шетање со свои пријателки,и лични возачи се на сметка на велешани“, пишува во реакцијата на ОО на СДСМ Велес.