Одложено донесувањето на Планот за реорганизација на Фени
Енекод, Минстрој и Кунико бараа ликвидација на Фени, впаричување на имотот и во нова постапка избор на нов сопственик на комбинатот во кавадаречко Возарци. Стечајната судијка Валентина Ѓоргиева не го прифати нивното барање. Таа го отфрли но сепак не дозволи на денешното Собрание на доверители да се гласа за Планот за реорганизација на комбинатот.Претходно беа утврдени доверителите со побарувањата и имаше расправа за планот. Тој треба да претрпи корекција или наместо во проценти да се прикажат во денари побарувањата на доверителите, кои биле пријавени и прифатени од стечајниот управник Мирослав Атанасиевски.Тоа го бара адвокатите на трите фирми.
За претседателот на гранковиот синдикат, ПЦЕР Пеце Ристески наместо денеска завршната судска расправа да биде свечена со гласање и прифаќање на Планот ,Собранието на доверители на Фени се претворило во македонски циркус.
– Еден План е поднесен а адвокатите на незадоволните компании кои прават околу 4 %, бидејќи сите други се обештетени сто процентно,ја опструираа работата за да го спречат донесувањето. Мораше да се одложи, рече Ристески.
Сега дополнително ќе се гласа Планот за реорганизација со бараната корекција од страна на Енекод, Минстрој и Кунико чии адвокатите го оспоруваа носењето на Планот за реорганизација велејќи дека не бил навреме поднесен како и дека противзаконско било денешно одлагање на донесувањето на истиот.
– Не е точно.Ние го поднесовме навреме, го испративме по пошта бидејќи на последниот законски ден, поради продолжениот викенд поради празниците, архивата на Основен суд во Велес во 15 часот не работеше. Затоа го испративме по пошта, рече адвокатот на Џисол, Кристијан Поленак.
Обезбедуваме иднина за Фени, понатамошно работење без застои, работа за сите работници, инвестиции во интерес на компанијата, заедницата и државата. Вака сопственикот на Џисол, Маркус Камхис го престави Планот за реорганизација на Фени.
– Горди сме на сите досегашни инвестиции што ги направивме за Фени. Пред се сме задоволни што успеавме да ја вратиме сигурноста на луѓето бидејќи ги исплативме сите доверители, дури и транспортерите. Ја имаме довербта на сите добавувачи, партнери и соработници за она што сакаме да го спроведеме за Фени, рече Камхис.
Додека во зградата на Основнот суд во Велес се одржуваше Собранието на доверители пред влезот поддршка на новиот сопственик му даваа околу шеесеттина работници на Фени. Тие велеа дека се задоволни што работат и редовно земаат пата од по 27 илјади денари./У.Ј