Општината ангажираше работници на испомош на ЈКП „Дервен“
Дванаесет невработени граѓани со ниски квалификации се ангажирани на еден месец во ЈКП „Дервен“ за чистење и уредување на градските улици, уредување на површините пред стамбените згради и парковските површини во Велес. Дел од нив се корисници на социјална помош што нема да го изгубат правото на паричен социјален надомест.
Тие ќе добиваат социјална помош и плата за работниот ангажман и ќе работат на уредување на општината во летниот период кога е зголемена потребата за чистење на градот.
– Времено ангажираните лица кои ќе стекнат вештини и искуство за вршење на јавни работи и кои ќе се истакнаат во својата работа ќе можат да конкурираат за вработување во јавното комунално претпријатие заради неоходната потреба за прием на нови работници, рекоа од Општина Велес.
Дванаесетте невработени граѓани се дел од општинскиот проект за извршување на јавни работи./У.Ј