Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Damjanov naslovna

Од се што изградил најголемиот македонски градител и неимар Андреја Дамјанов во неговиот шеесет и петгодишен творечки живот, кога се одбележуваат годишнини како денешната 205 години од раѓањето и 140 од упокојувањето, можат да се спомнат само најмаркантните. Тоа се десетина цркви во Македонија започнувајќи од ремен делото - Соборен храм „Свети Великомаченик Пантелејмон“ во Велес , 6 цркви во Србија, 3 во Босна и Херцеговина и други рече на денешното одбележување архитектот Трајко Димитров, поранешен претседател на Асоцијацијата на Архитекти на Македонија и добитник на највисокото признание во областа на архитектурата „Анреја Дамјанов“.

Damjanov arhitekt

- Во негова чест,започнувајќи од 1989 година, Асоцијацијата на Архитекти на Македонија ја доделува највисоката награда што го носи неговото име како највисоко професионално признание. Досега нејзини добитници се 27 архитекти во Македонија. Јас лично се сеќавам на возбудата кога на 11 јули 2003 година ја примив повелбата и статуетката со ликот на Андреја Дамјанов. Ќе соопштам на кој начин Архитектонската академија и Асоцијацијата на архитекти на Македонија сакаат да го сочуваат и збогатат сеќавањето на овој неповторлив неимар. Со финансиска поддршка од релевантни институции да се подготви и испечати богата и достоинствена монографија за овој наш великан. Во Велес да му се подигне достоинствен паметник. Асоцијацијата на Архитекти по врачување на наградата, по триесетти пат во 2020 година, планира да подготви и отпечати посебна монографија со имињата на триесетте добитници на наградата „Анреја Дамјанов“, на врвно ниво како издавачки проект. Само во народ што има ваков дух може да се роди ваков гениј, рече архитект Димитров.

Damjanov arhitektiНа вечното почивалиште на градителскиот великан, на градските гробишта во најубавиот Соборн храм „Свети Великомаченик Пантелејмон“ во Велес што се смета за најдоброто ремек дело на Дамјанов нему денеска почит му оддадоа Вера Ќосевска Претседател на Архитектонската академија при Асоцијацијата на архитекти на Македонија и добитник на наградата за животно дело од областа на архитектурата „Андреја Дамјанов“ во 2014 година, Александар Смилевски член на Архитектонската академија и добитник на наградата за животно дело од областа на архитектурата „Андреја Дамјанов“ во 2008 година и Трајко Димитров член на Архитектонската академија и добитник на наградата за животно дело од областа на архитектурата „Андреја Дамјанов“ во 2003 година и Ана Радониќ, заменик претседател на Управниот Одбор на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, преставници на општина Велес, на Советот на општината, на Народен Музеј и на ООУ „Васил Главинов“./У.Ј

Damjanov Martin Majstorov

Damjanov NM

Damjanov VGlavinov

Damjanov sveka

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 25/09/2018 година.