Бајрактаров старешина и со 20 извидници ИО „Димитар Влахов“ учесник на 12 Меѓународната смотра во охридско
Дванаесетта Mеѓународна смотра на извидници,од 14 до 22 јули, се одржува во селото Скребатно во близина на Охрид со учество на над 1200 извидници од Македонија, Германија, Украина, Хрватска, Израел, Молдавија, Романија, Србија, Америка , Бугарија, Словенија, Романија, Црна Гора , Франција , Русија и Чешка. Старешина на смотрата, што се одржува под мотото „Бескрајна приказна“ е извидникот на велешкиот Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ Јордан Бајрактаров.
На смотрата, исто така, учествуваше и велешкиот Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ со дваесет извидници кои се и домаќини на 15 извидници на збратимениот одред “ Мија Станимировиќ“ од Ниш, Република Србија.
На смотрата организирана од Сојузот на извидници на Македонија, Генерален покровител е Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов. Тој ја отвори извидничката манифестација. На свеченото отварање присуствуваше и Амасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Џес Бејли.
Велешкиот Извиднички одред „Димитар Влахов“, како најстар одред во државата, потврдува дека е расадник на кадри кои ги раководат и најголемите манифестациии на Сојузот на извидници на Македонија.