Павлевски: „Да се одблокираат општините и да се откочи процесот на децентрализација “
Со децентрализација на функциите на државата и доближување поблиску до граѓаните како и можноста граѓаните да бидат вклучени и да одлучуваат на локално ниво се постигнува демократизација на општеството. Суштинската децентрализација која почна да функционира во 2005 година даде позитивни резултати но во изминатите десеттина години тој процес беше закочен. Сега општините се соочуваат со проблемот создадени долгови што дополнително влијае на продолжувањето на децентрализацијата со тоа што задира во најчуствителниот дел или финансиската одржливост, беше речено на првиот панел на Форумот „Процесот на децентрализација во Македонија“ што се одржа во Велес.
– Затоа е потребно да се направи една добра анализа, да се согледа зошто се заглавени општините, зошто неможат доволно добро да ги извршуваат функциите или онака како што е предвидено, колку граѓаните се задоволни од локалната самоуправа со услугите што им ги дава а обврска на Владата што си ја превзеде е да најде начин како да ги одблокира општините за да можат да влезат во нормален процес на функционирањеза да им даде можност на градоначалниците да ги реализираат изборните програми и ветувањата што им ги дадоа на граѓаните на локалните избори, рече заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Павлевски.
Граѓанскиот сектор кој работеше на мониторирање на процесот и подготви анализи на фактичката состојба на децентрализација во државата и предложи на Владата во соработка со министерствата да согледа што се случува со надлежностите кои се префрлени на општините, како можат да се подобрат перформанците и финансирањето со цел да овозможат одржливост на системот.
– Широката меѓупесорска група го отвори прашањето што со Противпожарните единици кои се во надлежност на општините кои се во многу тешка ситуација. Формирана е меѓуресорска група што треба да изнајде решение. Истата постапка треба да ја спроведе и меѓуресорска група за префрлање на надлежностите на културните институции на општината од Министерството за култура. За деинститунилизација на услугите за најранливите категории на граѓани е констатирано тие прво да се вклучат во општественото живеење па потоа од Министерството за труд и социјална политика да се префлат на општините, рече Павлевски.
Во вовоедното излагање на модераторот Слаѓан Пенев извршен директор на Форум ЦСИД нагласи дека Форумот за децентрализација се одржува во Велес затоа што општината претходно има постигнато најдобри резултати , во вториот мандат на Градоначалникот Аце Коцевски преку соработката со граѓанскиот сектор, поточно со Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ кога на партиципативен начин се носеа буџетите на Општините како и со помош на ЕД „Вила Зора“ се затвори загадувачот Топилницата во Велес../У.Ј