Дисовска: Претприемништвото е иднината на развојот на економијата
Донаторите обезбедуваат финансиски средства а граѓанските организации работат на развојот на женското претприемништвото во државата. Но нема евиденција во државата особено на проекти што завршиле и што се работат. Затоа е потребно да се направи регистер и да се констатираат резултатите, што се постигнало и што треба да се работи. Од друга страна, резултатите од теренската работа покажуваат дека жените немаат многу информации за предностите што ги нуди претприемништвото.
– По школувањето, на младите луѓе прв избор им е вработувањето во институција или банка. Затоа менувањето на менталитетот или размислувањетоза претприемништвото треба да биде приоритет. Тоа треба да се сработи на терен дали преку институциите, преку приватниот сектор, поточно граѓанскиот сектор, институциите, приватниот сектор заедно да креираат поволна можност, клима за да стане претприемништвото прв избор за вработување, рече Валентина Дисовска од Здружението на бизнис жени „We make“
Таа додаде дека тоа не е лесен и едноставен процесот но ако се седне и се отворат сите проблеми со кои се среќаваат преприемачите, на пример старт ап бизнисите, со цел да се намалат сопките и препреките а да се создава поволна бизнис клима тогаш претприемништвото ќе биде прв избор за вработување на младите.
Денешната работилница на оваа тема во Велес беше иницирана од активностите на проектот „Ние создаваме – женско претприемништво за конкурентност“, на Здружението на бизнис жени финансиран од Европската Унија што ќе трае до април 2019 година. Него го менторира граѓанската организација „ГТФ“ од Хрватска во процесот на користење на фондови и креирање на кластери за женско претприемништво. Фасцилитатор во Велес е Организацијата на жени./У.Ј