Во Велес се е можно!
„Македонска банка“ одамна е ликвидирана. Но, нејзина табла со името и логото единствено стои во Велес. Големата табла, на која се наоѓа лого поточно глава на лав и натписот на банката, со години стои над влезот на УЈП и Централниот регистар во центарот на Велес.
Во стилот на верувале или не, откако „Македонска банка“ беше затворена во Велес се сменија, три гарнитури на раководители во подрачните единици на УЈП и Централниот регистер и исто толку Градоначалници.
Последниве ги спомнувам затоа што тие ги потпишуваат решенијата за плаќање на фирмарина што секоја година се испраќаат на сите фирми во градов, од берберници и слаткарници до производствени и непроизводни фирми.
Зар е можно никој од одговорните во Централниот регистар и УЈП, над чиј влез во зградата на плоштад „Сармаале“, стои таблата на поранешната банка да не ја забележува.
Велешани велат: „ Да не ве чуди.Кога е во прашање Велес се е можно!“. /С.А.