Отстранета таблата на ликвидираната банка од зградата на Централен регистер и УЈП во Велес
Отстранувањето на таблата со логото и натписот на поранешната „Македонска банка“ беше реализирано претпладнево. Ја извадија работници како и вработени во двете институции. Тие прво ја откачија а потоа ја симнаа и отстранија таблата што стоеше над главниот влез на зградата на двете државни институции во центарот на Велес.
Сега на зградата стои само таблата која покажува дека станува збор за државен објект во кој се сместени службите на Централниот регистер како и на Управата за јавни приходи чија табла е до самата влезна врата во зградата.
Дума.мк вчера објави текст дека и по една деценија од ликвидирањето на банката, која користеше простор во зградата на Централниот регистер и УЈП во Велес, таблата со логото и името сеуште стои над влезот во зградата. /С.А