Повреден возач во сообраќајка во Велес
Објавено на 27 јули, 2018 во 13:19
На улица „АСНОМ“, вчера утро во 7 часот, патнички автомобил марка “Пежо Партнер“ со велешки регистарски броеви управуван од шеесет и две годишниот М.П.од Велес удрило во паркирано товарно возило марка “Ивеко” со велешки регистарски броеви при што повреден е возачот на автомобилот.
Повредениот возач со возило на итна медицинска помош префрлен е во ЈЗУ Општа болница – Велес каде по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.
Увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Велес./У.Ј