Одбележан Илинден во Велес
Објавено на 2 август, 2018 во 11:49
Со положени букети цвеќе и оддадена почит пред спомен-обележјата на загинатите херои од Втората светска војна во Спомен костурницата, пред спомениците на Илинденците и на Панко Брашнаров, Преседавач со Првото заседание на АСНОМ и потпретседател на Президиумот на АСНОМ беше одбележан денеска во Велес големиот празник 2 Август, Ден на Републиката.
Во одбележувањето учествуваа делегации на Општина Велес, Сојузот на борци, институции, установи и здруженија на граѓани.
На Спомен костурницата беше одржана пригодна програма во која настапија музичарот Исмаил Дурмишовски и членови на Друштвото на писатели „Коста Солев Рацин“ со рециталот „Стих за Илинден“./У.Ј