Министерот Спасовски: Полицијата ќе гради партнерски однос со граѓаните и општините и заедно ќе се справуваме со предизвиците
Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски е задоволен од соработката со Секторот за внатрешни работи во Велес како во обезбедувањето на јавниот ред и мир на подрачјето на општината така и во делот на регулирањето на сообраќајот на улиците. Тој, исто така, денеска на средбата во Велес ги информирал Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски со предлози на општината како уште треба да се подобрат јавниот ред и мир и регулирањето на сообраќајот.
– Со цел граѓаните да бидат позадоволни, особено поради поплаките за нарушување на јавниот ред и мир, со пуштање на гласна музика од кафетериите после полноќ , за групирањето на младите во парковските површини, околу не носењето на кациги од страна на младите моторциклисти и за уште неколку други теми ги соопштивме нашите предлози пред Министерот и Директорот, рече Коцевски.
Тој му се заблагодари на министерот за, како што рече, брзата реакција по соопштувањето на информациите во Територијалната противпожарна единица поврзани со малиот број на пожарникари што резултирале со одобрување за прием на 10 нови пожарникари.
-Веќе се вработени 10 пожарникари со што сериозно ги зголемивме капацитетите на Територијалната противпожарна единица. По одобрувањето на планот за вработување во наредниот период ќе вработиме уште 10 пожарникари, спасители техничари, додаде Коцевски.
Тој додаде дека ако се има во предвид дека досега бројот на пожарникари, поточно 17 со кои располагаше оваа служба наспроти законски потребниот минимум кој предвидува на 1.500 граѓани по еден пожарникар, како и нивната ангажираност во гаснењето на пожари на подрачјето на трите оштини Велес, Чашка и Градско доекипирањето на велешката Територијална противпожана единица преставува премостување на сериозен проблем со кој се соочуваше општина Велес.
Министерот Спасовски соопшти дека денешната посета на Велес била дел од новиот концепт на работа на министерстото за внатрешни работи според кој се реализираат почести контакти со СВР или полициските станици во државата. Во СВР Велес со началникот и вработените била разгледана и констатирана стабилна безбедносна состојба на подрачјето на општината.
-Има подобрување во многу свери од работењето, намалување на криминалитетот и зголемување на откривачката дејност. Треба повеќе да се работи во делот на зачувувањето на јавниот ред и мир посебно на конфликтите кои што ги има помеѓу граѓаните на Велес и на подрачјето на Секторот за внатрешни работи. Сериозен проблем претставува и сообраќајот кој што континуирано се следи и работи меѓутоа е предизвик што треба да се решава во континуитет и тоа заеднички со Градоначалникот, рече Спасовски.
Министерот и Градоначалникот разговарале за зајакнување на соработката што според Сапсовски е важен чинител во градењето и на партнерството на граѓаните со македонската полиција.
-За жал таа нишка беше прекината во минатото и драго ми е што денеска имаме многу начини и заеднички иницијативи кои што придонесуваат да се враќа и довербата на граѓаните во институцијата односно во македонската полиција. Упатувам апел до граѓаните на Велес да бидат партнер, заедно да соработуваме и заедно да се справуваме со предизвиците кои стојат пред нас. Со Градоначалникот разговаравме како да го подобриме сообраќајот и детализиравме начини и активности што треба да ги превземеме за кои навремено ќе бидат информирани и граѓаните. Соработката треба да ја продлабочуваме и во наредниот период и заеднички да градиме побезбеден град, општина и држава, рече Спасовски.
Министерот додаде дека наоѓајќи се во исклучително важен, историски период пред референдумот за пристапување на Република Македонија кон Европската Унија и НАТО во СВР Велес како и во Министерството се превземаат сите неопходни работи за да се овозможи предреферендумски период што ќе гарантира мирна, безбедна атмосфера се со цел граѓаните да можат самостојно да ја донесат одлуката.
Спасовски соопшти дека е зголемен бројот на вработени во Секторот за внатрешни работи во Велес како и дека не е доволен но и дека се планирани вработувања на едуциран кадар за зголемување на капацитетите. Паралелно со новите вработувања внимание е посветено и на опрема што недостасувала како мотивација за полициските службеници во обезбедувањето на безбедноста. Во исто време ги повика и медиумите да се вклучат во процесот на создавање на пртнерскиот однос помеѓу граѓаните и полициските службеници. /У.Ј