Новинарите го прашуваа а Потпретседателот на СДСМ, Спасовски одговараше
Во доцните попладневни часови, вчера на 4 септември, партискиот Потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски во Велес остварил средби со претставници на бизнис заедницата и со граѓани на кои тема на разговар биле важноста на евроинтеграцијата на Република Македонија во НАТО и ЕУ, колку е важна безбедноста на на државата за развојот на економијата, за нови инвестиции и отворање на нови работни места како и за проблеми со кои се соочуваат. Потоа Спасовски им даде можност и на новинарите да му постават прашања на кои тој одговараше. Дел од прашањата и одговорите беа следниве:
-Неистомислениците за референдумот имаат став дека за Република Македонија подобро би било евро-азиско здружување. Како гледате на тој предлог?
„Јас досега не слушнав алтернатива на НАТО и ЕУ од противниците на референдумот. И очекувам дека ќе изнесат некаков став. Знаете многу е широк појмот евро-азиско здржување што би значело тоа, кој е тој сојуз, што ќе добие, што и се гарантира на Македонија од сојузот. Граѓаните на Република Македонија како впрочем и сите држави од регионот не сакаат не сигурност, влегување во авантури. Нив им треба сигурен, стабилен и цврст систем кој што ќе ни ја гарантира сигурноста а единствен таков колективна заштита систем на безбедност е НАТО Алијансата и тоа е наша определба уште од формирањето на Република Македонија како држава од деведесеттите години, кога се определи дека врвен приоритет ќе бидат членството во НАТО и ЕУ . Тоа е интегрирање на Македонија на еден голем европски пазар, ги востановуваме сите европски пракси кои што се покажале како добри а нашите граѓани посакуваат да бидат дел од тие европски пракси и од тој аспект немаме никаква алтернатива што се нуди. Јас апелирам до граѓаните на Република Македонија да останеме на овој пат , да покажеме единство во остварувањето на националните интереси и да влеземе во нешто што ќе биде гаранција на иднината на оваа држава,“ рече Спасовски.
-Дали стравувате дека со влегувањето на Македонија во ЕУ ќе има нов бран на исселување на работната сила од државата?
„Постојат два проблеми во однос на работната сила. Точно е дека има граѓани кои заминале од Република Македонија меѓутоа сеуште голем дел од граѓаните кои се тука сметаат дека единствено достојна за нив е работата во јавниот а не во приватниот сектор. Мора да се работи на промена на свеста со помош на бизнис заедницата за да имаме мотивирани работници што ќе почувствуваат дека реалниот сектор е тој што ги задоволува интересите. И тоа е така во сите развиени земји. Ако го гледаме искуството на државите од регионот, јас ке ја земам како пример Хрватска, затоа што таму 23 отсто од младите луѓе пред влезот на земјата во ЕУ наоѓале работа и останувале во Хрватска. Сега тој процент на млади луѓе изнесува 43, кои наоѓаат работа и остануваат во Хрватска. Тоа покажува дека граѓаните не сакаат да заминуваат од дома. Меѓутоа бараат систем што ќе функционира, да се ценат неговите вредности, за тоа што се образувале да работат. Знам дека младите луѓе, во изминатите години, во Македонија поради потценувањата што ги доживуваа најмногу ја напуштаа,“ рече Спасовски.
– Што разговаравте со бизнисмените, имаа ли барања?
„Ги пофалија економските политики на Владата пред се помошта во изеначувањето на домашниот бизнис со странските инвестиции. Пораа да го ревидираме владиниот став околу казнената политика и да биде во сооднос со големината на фирмите, капацитетот и моќноста на граѓаните што е следен чекор на Владата која ќе ги намали казните како што договоривме и воведување на можност за една опомена или превенција за казнувањето. Исто така разговаравме за капацитетот на сообраќајот во Велес наспроти развојот на бизнисот за што МВР со Градоначалникот превзема чекори. Сите прашања ќе ги решавамево интерес на граѓаните и бизнис заедницата,“ рече Спасовски.
-Вчера од генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Јанушев, во Топ тема во неколку наврати, бевте спомнувани дека имате аспирации за превземање на лидерското место во СДСМ и дали СДСМ е компактна во однос на референдумот?
„СДСМ има лидер и тоа храбар, одлучен, кој што знае каде ја води Република Македониаја, и има јасен став за ова прашање и ние од тој аспект немаме разединување. Дали тие размислуваат за промена на својот лидер, за човек со визија и став нека одговори Јанушев. Инаку со такви ставови базирани најверојатно на лидерство базирано на лажни вести кое што го промовираа овде во Велес воопшто не ме вознемируваат ни мене ниту било кого во СДСМ. Ние знаеме што правиме, зошто го правиме , зошто сакаме Македонија да оди напред . СДСМ во споведувањето на сите политики , не само сега, туку од почетокот на уривањето на режимот во кој беше и Игор Јанушев , што ја опљачкаа Македонија во кој што главен експонент беше Јанушев, сме сплотени и силни и ќе останеме до расчистувањето на криминалот и криминалците од партијата на Јанушев, со сите останати планови и визии за Република Македонија, “ рече Спасовски.
– Дали МВР има податоци за бројот на македонски државјани кои во изминатата година извадиле странски пасош и станале државјани на друга земја споредбено со претходните години?
„ Секако дека имаме согледувања и анализи кои што се однесуваат на оваа тема. Намалувањето на бројот на граѓаните кои ќе сакаат да земат странски пасош ќе зависи од интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ. И затоа е многу важен овој процес што ние денеска го водиме и биеме битка. Да им се овозможи на граѓаните да ги почувствуваат бенефитите од членството како што се отвореноста на границите, на стопанството, на пазарот итн. Тоа многу ќе зависи од нас. Вербата и надежта кај граѓаните се враќа. Тие што некогаш земале пасоши на други земји сега го враќаат македонското државјанство но се ќе зависи од процесот кој што е пред нас, успешен референдум и интеграции во ЕУ и НАТО, рече Спасовски.
– Кога македонските возачки дозволи ќе бидат признати во Сојузна Република Германија?
„За тој проблем се преговара дваесет години помеѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија. За мене е сатисфакција што оваа Влада постигна договор и јас очекувам дека терминот за потпишување на договорот ќе биде некаде околу 20 септември годинава и конечно ќе се реши ова прашање,“ рече Спасовски./У.Ј