Стојанова Богоевска: Европски фондови за европска Македонија
Координаторката на Форумот на жени на Општинската организација на СДСМ, Весна Стојанова Богоевска во денешото обраќање кон велешани, како дел од референдумската кампања на Коалицијата „ Заедно за Европска Македонија“, ги нагласи придобивките на државата од евро атланското интегрирање.
„ Македонија избира иднина, ЕУ ја поддржува Македонија.
Ќе се зголемат фондовите кои ЕУ ги вложува во нашата инфраструктура.
Ќе се градат нови патишта, мостови, водоводи, канализации, училишта и градинки, за подобар живот на сите граѓани, за подобро утре на нашите деца.
Ќе се зголемат фондовите за земјоделците.
Повеќе европски средства за субвенции, за механизација, за повисок приход, подобар производ и за пласман со подобри цени.
– Вкупната годишна EУ помош за Македонија изнесува 90 милиони евра односно 260.000 евра дневно
– Влегуваме во Унија од 500 милиони потрошувачи или 250 пати поголем од пазар од нашиот домашен
– 15.5 милиони евра годишно за Македонија преку ЕУ програмата за транспорт (фондови со кои се градат патишта, мостови, железници, тунели и друга инфраструктура)
– 8.5 милиони евра европски пари за заштита на границите на Македонија во 2018 година
– 15 милиони евра европски пари за земјоделството во Македонија за 2019 година
– 18 милиони евра во 2020 година за реформи во правосудството и во полицијата во Македонија,“ рече Стојанова Богоевска.