Претседателот на СДСМ во Велес, Арсовски: Почитувани млади, Македонија избира иднина – приклучете се !
Претседателот на Општинската организација на СДСМ во Велес, Дејан Арсовски денеска им се обрати на своите сограѓани во рамките на кампањата што оваа партија ја реализира како поддржувач на референдумот од кој се очекува да и овозможи на Република Македонија влез во НАТО и ЕУ. Во обраќањето Арсовски рече:
„Во првото полугодие на тековната 2018, после поканата за членство во НАТО Алијансата и напредокот на преговорите со ЕУ, Македонија има забележано рекорден прилив на странски директни инвестиции во висина од 327 милиони евра, што е 3 пати поголем прилив од истиот период лани. Намалена е стапката на невработеност на 21.1% што е историски најниско ниво досега. Во првото полугодие во 2018 се реализирале 10.000 нови вработувања на наши граѓани што дополнително го забрзува растот.
Просечната плата бележи постојан пораст. Во месец јуни, 2018 година исплатена е за 6.1 процент повисока просечна плата во споредба со истиот период лани. Со порастот на платите повеќе пари се слеваат во семејните буџети на граѓаните.
Почитувани млади,
Македонија избира иднина, приклучете се! Членството во НАТО и ЕУ ќе овозможи нови инвестиции кои ќе отворат нови работни места. Заедно ќе го запреме трендот на иселување на младите. Младите нема да сонуваат да се иселат надвор од Македонија.
Високите стапки на невработеноста полека, но сигурно ќе стануваат минато. Во Бугарија просечната плата порасна за 550 евра по влезот во ЕУ и НАТО, а невработеноста се намали од 17,2% на 5,3%.
Во Романија просечната плата порасна за 525 евра, а невработеноста се намали од 15,6% на 4,3%. Во Хрватска вработеноста кај младите се зголеми од 26,4% на 43%.
Пристапот до младинските програми на ЕУ за младите од Македонија ќе значи можност за студирање на најдобрите универзитети во Европа и развивање на вештините неопходни за активно учество на пазарот на трудот.
Преку ЕРАЗМУС, над 4 милиони млади луѓе од Европа, меѓу кои и младите од Македонија, имаат можност за академска мобилност, стекнување вештини, спорт, обуки, учење за различните култури и градење на заеднички европски вредности.
Преку ЕВРОПСКИОТ СОЦИЈАЛЕН ФОНД, Европската Унија инвестира над 70 милијарди евра во квалитетно и одржливо вработување и мобилност на работници.
Досега, ЕУ има инвестирано 8.8 милијарди евра во Младинската гаранција за вработување млади.
Младите имаат шанса да ја однесат Македонија напред, членството во НАТО и ЕУ гарантира подобар живот за сите млади.
ЗА СИГУРНА ПЕРСПЕКТИВА ЗА МЛАДИТЕ!
ЗА ЕДНАКВИ ШАНСИ ЗА СИТЕ, ГЛАСАЈТЕ ЗА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА !!!
Почитувани сограѓани Велешани. Ја користам оваа прилика, да Ве поканам и повикам масовно да излезете денес, Понеделник, 10-ти Септември, во 19:30 часот на САРМААЛЕ и да бидете дел од Големиот граѓански собир ЗА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА, на кој ќе говори Премиерот на Република Македонија, Господинот Зоран Заев,“ рече Арсовски.