Петров: „ Со Договорот носиме подобар живот за сите граѓани и го чуваме богатото историско и културно наследство, кое ја има направено нашата македонска нација славна“
Македонско-грчкиот договор е историски најдобра и фер шанса за граѓаните на Македонија. Договорот е влог во македонската иднина, со кој го расчистуваме патот на нашата земја за влез во НАТО и за почеток на преговори за ЕУ,рече претседателот на правниот сектор на ОО на СДСМ и претседател на Советот на Општина Велес, Душко Петров во денешната изјава. Обраќајки им се на велешани тој додаде:
„Стануваме член на семејствата на НАТО и ЕУ нациите кои уживаат силен економски развој.
Со Договорот носиме подобар живот за сите граѓани и го чуваме богатото историско и културно наследство, кое ја има направено нашата македонска нација славна.
Договорот го гарантира правото да се определуваме како МАКЕДОНЦИ. Нема повеќе оспорувања.
Според членот 7 од Договорот, македонскиот идентитет ги отсликува нашата територија, јазик, народ, со сите атрибути, со своја историја, култура и наследство.
Според членот 1 од Договорот, официјален јазик на нашата држава е „македонски јазик“, кој е преведлив на сите јазици (на пример, на англиски јазик „Macedonian language“). Без никаква фуснота со дообјаснување!
Македонскиот јазик е потврден – идентитетот е зачуван.
Државните симболи не беа дел од преговарачкиот процес.
Кодот на земјата останува да биде МК и МКД, како што е официјално определено од Меѓународната организација на стандардизација (ISO).
Сите ние знаеме дека договорот го постигнавме преку тешки преговори во кои дојдовме до прифатливо решение за двете страни. Свесни сме за влогот и знаеме дека ова е најдоброто можно и фер решение за граѓаните на Македонија. Ова е реален влог во нашата и во иднината на нашите деца.
Со договорот го расчистуваме патот на Македонија за влез во НАТО и за почеток на преговори со ЕУ. Договорот гo гарантира правото на Македонците да се определуваат како Македонци. Нема повеќе оспорувања.
Ова се нашите силни аргументи, со кои повикуваме да излеземе сите и да гласаме – ЗА на Референдумот на 30-ти Септември,“ рече Петров.