Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

 

Lefkova Kunovska fin

Коалицијата “Заедно за европска Македонија” го повикува раководството на ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да разговара, да размислува и да биде посветено на иднината на европска Македонија, рече во денешната изјава за јавност членот на Извршниот Одбор на Општинската организација на СДСМ во Велес, Марија Левкова Куновска. Обраќајки им се на политичките опоненти таа додаде:

„Има уште време до референдумот, има време да се охрабрат и да одлучат да останат на зборот и на нивната повеќедецениска позиција, членството на Македонија во НАТО и ЕУ.
Граѓаните знаат дека најдоброто за секое семејство во Македонија и за нашата Tатковина е токму заедништвото и сплотеноста, како и одлучноста за членство во НАТО и во Европската Унија.
Раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже одговорност и одлучност. Овој историски момент ги повикува членовите на ВМРО-ДПМНЕ да одлучат и да ја поддржат иднината на Македонија во европското семејство.
Ние можеме да имаме политички разлики и да продолжиме со нашите секојдневни политички битки.
Но, за иднината на Македонија, сите треба да го дадат својот придонес. Не смее да има неодговорност, кога е во прашање иднината на Македонија.
Да го дадеме нашиот глас за европска Македонија во најсилните сојузи во светот.
Сите ние имаме одговорност да излеземе на гласање за да ја обезбедиме нашата иднина,“ рече Левкова Куновска.

 

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново