Војдиновска: Одлуката за иднината да ја донесеме во заедништво!
Европската судијка во карате, велешанката Клементина Војдиновска, како поддржувач на кампањата „Излези За европска Македонија“ денеска им се обрати на велешани со следните зборови:
„ Опозицијата и сите кои се двоумат да го поддржат референдумот и да се приклучат – ги повикуваме ЗАЕДНО да ја однесеме Македонија кон подобра иднина, во ЕУ И НАТО. Историските моменти повикуваат на одговорност, за иднината на Македонија сите треба да дадат придонес.
Сега во сите нас е шансата да ја поведеме државата во модерна и цивилизирана Европа , во Европа без граници, во европското семејство на стабилност и безбедност, да бидеме заштитени од нашите сојузници во НАТО Алијансата, со кои заедно ќе одиме напред!
Граѓаните знаат дека најдоброто за секое семејство во Македонија и за нашата Tатковина е токму заедништвото и сплотеноста, како и одлучноста за членство во НАТО и во Европската Унија.
За иднината на Македонија, сите треба да го дадат својот придонес. Не смее да има неодговорност, кога е во прашање иднината на Македонија.
Да го дадеме нашиот глас на претстојниот Референдум ЗА Европска Македонија во најсилните сојузи во светот !
Сите ние имаме одговорност да излеземе на гласање за да ја обезбедиме нашата иднина.
Заедно сме посилни, сите заедно, сите граѓани на Македонија, да се обединиме во различностите, да ја поведеме Македонија НАПРЕД КОН ПОСВЕТЛА И ПРОСПЕРИТЕТНА ИДНИНА !“, рече Војдиновска.