Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

VojdinovskaKlementina fin

Европските стандарди на социјална заштита ги штитат граѓаните на Европската Унија, овозможувајќи им достоинствен живот и социјална сигурност, рече во пораката што денеска им ја упати на велешани европската судијка во карате Климентина Војдиновска. Таа додаде:

„Европската Унија вложува во унапредувањето на социјалните права и напорите тие да бидат рамноправно уживани од страна на сите граѓани - реформа на системот на социјална заштита, унапредување на социјалните услуги за граѓаните, интензивирање на борбата за справување со сиромаштијата и социјалната исклученост во државата, спречување на маргинализацијата од секој вид, значително унапредување на правата и заштитата на работниците и поголема инволвираност во сите овие прашања на социјалните партнери и граѓанското општество.

Се воведува минимален гарантиран приход.

Со приближувањето на Македонија до Европската Унија, поддршката за социјалната заштита на граѓаните постојано ќе расте и така во континуитет ќе се обезбедува се поголема и поквалитетна заштита на граѓаните.

Почитувани сограѓани,

Европската социјална повелба ги гарантира социјалните и економските човекови права.

Референдумот на 30-ти Септември е единствена шанса да станеме дел од Европа, да ја осигураме нашата иднина и иднината на нашите деца во интегриран систем, каде меѓи другите основни човекови права и слободи, се гарантираат беспрекорно и социјално-економските човекови права.

Затоа, да излеземе – ЗА Европска Македонија, рече Војдиновска.

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

30 (триесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/02/2019 година.