Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Treta fin

Ѓорги Целцев, Илијан Лазаревски и Златка Досевска се бруцоши на Факултетот за Менаџмент на организација на Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе. Тие ќе студираат откако со помош на Ротари клуб „ Велес“ обезбедија четиригодишни стипендии на Славјанскиот Универзитет. Со нив, заедно, во учебната 2018/19 година стипендист на овој Универзитет е и Мартина Јорданова ќоја одлучи да студира Правни науки додека Борче Цветков ги избра студиите во насоката Безбедност од пожар.

prva fin

На врачувањето на стипендиите, синоќа, среда 19 септември, секој од овие млади велешани имаше своја приказна зошто и како го избрал својот животен позив. Целцев, Лазаревски и Досевска затоа што од секогаш ги привлекувала економијата, имаат намера да стекнатите знаења од високото образование за потоа да ги понудат прво на домашни компании а потоа можеби да отворат и сопствен бизнис, Јорданова планира по дипломирањето да биде успешен правник, независно од тоа дали ќе работи во приватна компанија или во државна администрација додека Цветков себе си се гледа како дел од тимот на Територијалната противпожарна единица во Велес.

Во нивно име за стипендирањето преку Ротари клуб „Велес“ и за стипендиите на Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, синоќа, се заблагодари Мартина Јорданова.

Martina fin

- Би сакала од името на сите добитници на стипендиите да ви се заблагодарам и се надевам дека ќе ја оправдаме вашата доверба, рече Јорданова.

Лани еден а годинава одлучивме да помогнеме во стипендирањето на петмина средношколци кои се изјасниле дека планираат да го продолжат образованието на факултет, рече Претседателот на Ротари клуб „Велес“ Живко Пренџов.

Prengjov fin

- Ценевме дека се солидни и квалитетни ученици на кои можеби од финансиски причини им беше потребна нашата помош. Првичната намера беше да се запишат само три но во текот на преговорите со Универзитетот се договоривме да бидат петмина како дел од нашата взаемна соработка и меѓусебно разбирање. Образованието е приоритет во заложбите на Ротари клубот. Во овој момент исто така нашето целосно внимание е посветено и кон надпросечно интелигентен и талентиран ученик во ООУ „Кирил и Методиј“ кој и покрај тоа што е ученик во трето постигнува резултати како и ученициште во шесто и седмо одделение. Нему исто така ќе се обидеме да му овозможиме образование согласно неговиот капацитет, додаде Пренџов.

Славјански Универзитет ги додели но, Ротари клуб „Велес“ одлучи кои средношколци ќе ги добијат стипендиите, појасни претседателот на Управниот одбор на МСУ д-р Јордан Ѓорчев.

Gjorcev fin

- Меѓу другото би сакал на овие стипендисти да им посакам да бидат успешни студенти. Со примената на новиот Закон за високо образование на Славјански Универзитет ќе работат три странски Универзитети. Освен Камбовскиот исто така и Љубљанскиот државен универзитет, кој спаѓа помеѓу петте најдобри школи во Европа отвори магистерски студии како и Великотрновскиот Универзитет кој пак е еден од поголемите бугарски високообразовни институции со кои работиме мастер и докторски студии. Се надевам дека во понатамошното образование и овие наши стипендисти ќе се пронајдат во некоја од овие меѓународни програми, додаде д-р Ѓорчев./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново