Претседателот на ОО на СДСМ – Велес, Арсовски: Секој глас ЗА на референдумот носи повеќе странски инвестиции и повеќе фондови од Европската Унија
Секој глас ЗА носи повеќе странски инвестиции и повеќе фондови од Европската Унија, повисоки плати, нови работни места, повеќе странски инвестиции, фондови, вложувања во инфраструктура. Македонија добива годишна вкупна помош од Европската Унија од околу 90 милиони евра, односно 250.000 евра дневно. Нашата држава влегува во пазар од 500 милиони потрошувачи, или 7,5% од светската популација. Влегуваме во 250 пати поголем пазар од нашиот досегашен пазар, што значи дека ќе имаме приближно пет пати повисок стандард на живот, рече во денешното обраќање до велешани, претседателот на Општинската организација на СДСМ Дејан Арсовски. Тој додаде:
„Еве, почитувани сограѓани, што Европската Унија обезбеди за Македонија за 2019 година :
Европската Унија обезбеди приближно 15 милиони евра во секторот земјоделство, 15 милиони евра за конкурентност и иновации и приближно 20 милиони евра за образование, вработување и социјална вклученост.
Почитувани Велешани,
Нашите соседи и пријатели одат напред. Еве конкретни примери за тоа :
Просечната нето годишна заработувачка во Бугарија се зголеми, од 1.463 евра во 2007 година на 2.903 евра во 2015 година.
Во Романија, пак, просечната нето годишна заработувачка порасна од 2.397 евра во 2007 година на 3.485 евра во 2015 година, а во Словенија од 6.859 евра во 2007 година се зголемила на 8.726 Еур во 2016 година. Затоа велиме дека Зачленувањето во ЕУ е позитивна промена која ќе резултира со изградба на европско општество и држава по европски правила и затоа, почитувани сограѓани, достоинствено и со почит Ве повикуваме да излезете на Референдумот во Недела на 30-ти Септември и да го дадете својот глас – ЗА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА !!!
Да избереме иднина за нашите деца, иднина за Македонија, бидејќи Европската Унија ја поддржува Европска Македонија, рече Арсовски.