Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Tevcevnaslovna fin

Една соба со мебел и технички апарати е целосно изгорена, втора е со деведесет проценти изгорен мебел, облека и предмети и трета од поткровљето е опожарена, прокисната со уништен плафон од вода и огромни дупки. Во претсобљето на овој дел од куќата на Илија Тевчев на улицата „Ѓоре Органџиев“ бр 12 има само смет од изгорени технички апарати, опожарени греди, ламперија и целосно уништена дограма. Ова е епилогот од пожарот што попладнево избил во куќата што е последна во редот на улицата, на кејот на река Вардар под железничката пруга Велес - Гевгелија и се наоѓа веднаш до трафостаница на ЕВН. Огнот се појавил на покривот додека во Велес дуваше ветер со огомна брзина.

Tevcev prva

Tevcevvtora fin

Tevcevtreta fin

Водата од цистерните со која пожарникарите го гаснеле пожарот сеуште течеше по дрвените скали од поткровљето кон првиот кат на куќата кога околу 20.30 минути новинарот на Дума.мк влезе внатре. Таваните се водени а наместа вода избива и од малтерот. Сопственикот видно вознемирен раскажа што се случувало додека во кујната на катот од куќата тој имал гости.

Tevcevpetta fin

- Додека разговаравме со гостите во два наврати се исклучуваше и вклучуваше фрижидерот. Потоа нешто пукна. Татнежот што тој ја создаде ни стана сомнителен но, помисливме дека се расипа.Неколку минути потоа,околу 17. 10 часот одеднаш дома влезе соседот и праша : „Ви прегоре ли некој технички апарат затоа што кај мене прегоре телевизорот?“. Јас му кажав за фрижидерот а соседот потоа замина кај другите соседи. По неколку минути ми се јави на телефон велејќи ми: „Иле ти гори куќата, излегувајте надвор“. Потоа се на што се сеќавам беше дека излеговме во претсобљето на катот и видовме густ црн чад кој доаѓаше од поткровљето. Се обидовме да се качиме горе но не можевме. Излеговме надвор, на улица и почнавме да пријавуваме во пожарна и во полиција. Пожарникарите дојдоа и почнаа да гасат. Ветерот беше многу силен, мораа да кршат керамиди и да влегуваат преку покривот, рече Тевчев.

kukataTevceviodnadvor fin

И неговите соседи имаат прегорени технички апарати. Тоа за Тевчев е потврда дека пожарот го предизвикал спој на електични жици што доаѓаат од електричниот столб, покрај куќата, на штендерот на неговиот покрив.

-Не е можно да има друга причина затоа што во собите на поткровљето немаше вклучени технички апарати. Таму живее подстанарка. Ние сите бевме долу на катот. Јас кога ја вклучив светилката во купатилото таа експлодираше. А до денеска напладне се беше исправно. Јас покривот целосно го променив од греди, изолација и керамиди. Значи штендерот е исто така сменет и до денеска немав никаков проблем. Имавме среќа, што соседот навреме алармираше и што тој и пред нас веќе звонел во Територијалната противпожарна единица, додаде Тевчев.

Tevcevcetvrta fin

Тој освен изгорените банкноти на девизи не можеше точно да утврди цена на претрпената штета. Освен мебелот изгорени се телевизор, систем, неколку телефонски апарати, фотографски апарат и два лап топи. Тевчев утре, вторник 25 септември, ја очекува увидната екипа на СВР Велес. Таа треба да го состави записникот и да ја утврди причината за пожарот.

Drvoskrseno fin

Во Велес и во моментов дува силен ветер. При излегување од опожарената куќа со изгорено поткровље на Тевчев покрај брегот на Вардар забележавме скршена голема гранка од крошните на дрвјата./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново