Од утре во прекин железничкиот сообраќај Велес – Гевгелија
Објавено на 1 октомври, 2018 во 15:45
Железничкиот сообраќај Велес-Гевгелија од утре,вторник 02 октомври, ќе биде во прекин поради појавени деформации на бетонски мост што се наоѓа помеѓу станица Градско и крстосница Кукуречани.
Како што соопштија од МЖ Транспорт, прекинот ќе трае до завршување на санацијата на дефектот.
Сепак не треба да се грижат граѓаните од Велес кои до работните места, на училиште и на факултет во Скопје и во обратен правец патуваат со воз. Патничките возови од Велес до Скопје и од Скопје до Велес ќе сообраќаат според редовниот железнички возен ред./У.Ј