Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

 

casovnikotcel fin

Во железничката станица во Велес се наоѓа голем германски часовник стар над деведесет години. Часовникот прво бил поставен во убавата и голема железничка станица во Велес, која за време на Втората светска војна била бомбардирана и разурната.

zeleznickastanicastarVeles fin

Велешките железничари успеале да го спасат и да го зачуваат и за време на бугарско и за време на СФР Југославија, а тој и денес е тука како раритетен примерок на прецизен мерач на времето. 

casovnikotkrupno fin

Часовникот, што сега се наоѓа во просторија на Управата на станицата, е од марка „НОРМАЛ-ЗЕИТ“, изработен е во ФРАНКФУРД а/м, Германија, а на долниот дел од клатното стои бројот 2813 Д. За него се знае дека е донесен за време на Стара Југославија кога било изградено велелепното здание на објектот на станицата.

„Часовникот беспрекорно функционираше. Точно го мереше времето , ни минута напред ниту подоцна. Железничарите секое утро си ги дотерувавме рачните часовници според овој часовник. Ми недостига откако заминав во пензија. Тогаш им оставив аманет на колегите да го чуваат!“, рече пензионираниот железничар Томислав Миладинов.

mehanizam fin

Раритетниот германски часовник, како што рекоа, се до реновирањето на железничката станица во 2014 година, најпрецизно им го покажувал времето на вработените и на патниците. За да не биде оштетен, при реновирањето , неколкумина постари железничари, го сместиле во една од просториите. Тој денес не работи но, не дека има дефект туку оние што го одржуваа заминале во пензија па сега нововработените, како да не се заинтересирани повторно да го стават во функција. Еден од нив како на шега рече: „Тие што знаеа да го навиваат и да го чуваат си заминаа!“.

zeleznickastanica fin

Можеби овој текст ќе поттикне и мотивира на раритетниот часовник да му се обезбеди место што го заслужува а зошто не и поголемо внимание за и понатаму точно ќе го мери времето како на пристигнувањето така и на заминувањето на возовите. Тоа можеби ќе умеат да го ценат и патниците. 

Стоилко Андреевски

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново