Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

StarVelesso platonski most fin

Велес во 1857 година ги удира темелите на образование на мајчин јазик во Македонија. Тогаш почнува со работа училиштето во параклисот „Свети Ѓорѓија“ во маалото Прцорек на учителот Јордан Хаџи Константинов Џинот. Отварањето на училиштето бил празник во цел Велес. Многумина граѓани, особено имотните, ги запишале своите деца да учат во училиштето.

По дванаесет години работа училиштето станало тесно. Учителот Џинот наставата ја изведувал на македонски јазик со велешки дијалект и тоа придонесувало за неверојарно големиот интерес за посета на неговите часови. Ова не им одело во прилог на грчките и бугарските власти па по влијание на владиката велешките првенци се раскарале. Едни се изјасниле дека сакале Џинот да остане, а другите во поголем број учителот да го напушти училиштето.

Поради тоа Џинот заминал да учителствува во Скопје.

Донесената одлука не влијаела врз интересот на учениците за образование во Велес. Тоа повторно ги собрало на едно место градските првенци кои за да го надминат проблемот со тесниот простор во параклисот одлучиле да градат ново поголемо училиште.

Така, во 1869 година, главен носител на идејата за изградба и финансирање на ново училиште бил градскиот првенец Димко Чокал кој доброволно дал 60.000 гроша. Доброволни прилози дале и други велешани па така се собрале доста пари. Било договорено училиштето да се изгради во близина на брегот на Вардар, на левата страна, поточно на локацијата на доскорешното основно училиште „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“.

StarVeles1 fin

Зградата врз која се наоѓа стрелката го покажува новоизграденото училиште

Изградбата започнала една година подоцна, во 1870-та, и завршила за кратко време со објект што во тоа време поседувал висококвалитетни услови за работа. Зградата била долга 20 метри, широка 15 и висока 9 метри. Училиштето имало два ката. Во средишниот дел се наоѓал широк ходник, а од страните биле направени пространи и светли училници.

Училиштето почнало да работи нон крајот на 1870 година зкога за нов учител бил назначен Васил Попович, кој дошол во Велес од военото училиште во Софија. 

Попович останал во Велес три години и земал плата од 12.000 гроша.

Поради големиот интерес првенците донеле одлука деца да има од двете општини од левата и од десната страна на Велес. Учителот Попович бил многу добро прифатен.
Горниот кат на училиштето бил за погорните класови, додека во долниот кат биле сместени ученици и за првпат ученички од првите одделенија. Со ова училиштето Прцорек имало карактер на машко и женско училиште. Во училиштето имало три класа. Девојчињата во училниците влегувале заедно со машките ученици. Учителот Попович, како добар учител, се прославил не само во Велес туку во цела Македонија.

StarVelesMalomovce fin

Мало мовче во чија позадина е зградата на новото училиште во стар Велес

И така било се додека во 1873 година повторно не се појавил раздор меѓу велешани. Овој пат поттикнат од оддржувањето на наставата наместо на македонски, на бугарски јазик. Бидејќи поголем број од граѓаните очекувале децата да им се бразуваат на македонски јазик на учителот Попович му бил даден отказ а на негово место бил вработен новиот учител Јосиф Ковачев.

Инаку локацијата на која во 1870 година велешани од лични донации ја изградиле зградата на училиштето „Прцорек“ до скоро беше зграда на основното учичиште „Јордан Хаџи Константинов Џинот“.

За разлика од пред век ипол сега во Велес има се помалку деца па и намената на објектот ќе се менува.

Стоилко Андреевски

 

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново

 
   
   
   
   

rontis

 

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  infomk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2018 година .

 

rontis

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Mагационер

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство
  • Познавање на англиски јазик, Возачка дозвола „В“ - категорија

  и поседување на сертификат за управување со виљушкар ќе се смета за предност

  • Вработувањето е на определено време, со можност за трансформација на неопределено време.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  infomk@rontis.com  или на адреса:                              ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Магационер, најдоцна до 30/11/2018 година.

 

rontis

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија – Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2018 година.