ЕЕГ за Нервно одделение во велешка болница од Ротари Клуб
Ротари Клуб Велес набави нов апарат за електроенцефалографија (ЕЕГ) за потребите на Нервното одделение при ЈЗУ Општа Болница Велес, кој има функција да ја олесни дијагностиката на широка палета на болести кои во висок процент се застапени помеѓу пациентите.
Вредноста на донацијата изнесува околу 5.000 евра.
ЈЗУ Општа Болница Велес опслужува голем број на пациенти од градот и околината, но и од поширокиот Вардарски регион. На Нервното одделение се лекуваат пациенти со невролошки проблеми за кои е потребно навремено дијагностицирање со современа апаратура. За таа цел, еден од приоритетите е набавка на нов ЕЕГ апарат со кој би се забрзала дијагностиката, но истовремено би се поштедиле и пациентите од упатување во други институции заради дополнителни испитувања.
Реализацијата на овој проект Ротари Клуб Велес ја започна во изминатата ротаријанска 2017/18 година предводена од поранешниот претседател Аце Коцевски, а во рамки на проектите кои беа прифатени за поддршка и од Сојузот на Ротари клубови на Македонија.
„Во согласност со Ротаријанските принципи, Ротари Клуб Велес со голема посветеност го реализираше овој проект од сопствени средства и со особено задоволство го донираше на Нервното одделение при ЈЗУ Општа Болница Велес,“ пишува во соопштението за јавност.