Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

bolnica fin

Пет дипломирани лекари по општа медицина денеска склучија договори за вработување на неопределено време со ЈЗУ Општа болница Велес. Согласно програмата за стручно усовршување сите ќе бидат упатени на специјализација и тоа за Болничка педијатрија, Радиологија, Абдоминална хирургија, Гинекологија и Неврологија. Вработувањата беа најавени при последната посета на Министерот за здравство, Венко Филипче на јавната здравствена установа при повторното ставање во употреба на Компјутерскиот томограф.

Освен овие лекари во болницата, изминатата недела, се вработени и тројца специјалисти и тоа по еден гинеколог - акушер, психијатар и специјалист по физикална медицина и рехабилитација.

Во исто време од болницата со сопштение за јавност одговара на дезинформации што се ширеле на социјалните мрежи поврзани со затворањето на болничката кујна. Во интерес на вистината во соопштението се објавени податоци зошто, кога и од кого била затворена кујната како и за причините за продажба на кујнскиот мебел кои се во тек.

„Во 2014 година врз основа на извршениот увид од страна на одделение по хигиена и здравствена екологија при ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес, констатирано е дека согласно Програмата за јавно здравје на Република Македонија, хигиенските и градежни карактеристики на просториите за прием на суровини и подготовка на храна не се во согласност со општите барања за производство на безбедна храна.

Станува збор за опрема во кујна постара од 40 години а самиот објект датира од 1965 година.

Поради ова Управниот одбор на ЈЗУ Општа болница Велес на ден 17.06.2014 година донел Одлука за престанок со работа на кујната во ЈЗУ Општа болница Велес.

Одлуката е реализирана во 2016 година со Постапка за јавна набавка на готова храна од надворешен економски оператор, а опремата од тој момент е ставена надвор од употреба.

Бидејќи опремата е стара и голем дел од неа е неупотреблива, а сега ЈЗО Општа болница Велес е во фаза на реализација на нов проект - Ургентна интернистичка единица, истата опрема со Одлука на Управен одбор од 5 септември 2018 година е расходувана и е предложена за продажба.

Согласно позитивните законски прописи, истата се проценува од страна на овластен проценител, со што се определува почетна цена за јавна аукција преку електронскиот систем на Министерството за финанси и за која е потребна согласност и од Владата на Република Македонија. Целокупната процедура е во тек.

Бидејќи со изнесување на лаги и невистини, се нарушува угледот на ЈЗУ Општа болница Велес, ќе превземеме законски мерки против порталите и лицата што креираат лажни вести и изнесуваат клевети на штета на угледот кон ЈЗУ Општа болница Велес,“ пишува во соопштението за јавност на здравствената институција./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново

 
   
   
   
   

rontis

 

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  infomk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2018 година .

 

rontis

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Mагационер

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство
  • Познавање на англиски јазик, Возачка дозвола „В“ - категорија

  и поседување на сертификат за управување со виљушкар ќе се смета за предност

  • Вработувањето е на определено време, со можност за трансформација на неопределено време.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  infomk@rontis.com  или на адреса:                              ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Магационер, најдоцна до 30/11/2018 година.

 

rontis

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија – Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2018 година.