Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Kocevski fin

Стратегијата за паметен град, Планот за одржлива урбана мобилност, развојот на инфраструктурата, училиштата, развојот на езерото Младост како атрактивна транзитна дестинација, ќе бидат приоритетни проекти за развој Велес на чија реализација Општина Велес ќе се посвети до крајот на оваа и во наредната година.

- Во наредната година пред нас се сериозни предизвици, одлучивме да не се помируваме со актуелните состојби туку да работиме многу напорно, чесно, одговорно и домаќински заедно со членовите на Советот на општината и опшинската администрација во соработка со граѓанскиот сектор, бизнис заедницата и другите институции на локално и на централно ниво. За нас не се само предизвик крпењето на дупките на асвалтот туку сакаме да правиме големи и авангардни проекти, да ги менуваме честите лоши навики кај нашите сограѓани, да влијаеме на подобрување на културата на урбано живеење затоа што само така градот ќе ни биде чист и убав како и пристојно место за живеење, рече градоначалникот Аце Коцевски на свечена академија по повод 9 ноември што се одржа во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов -Џинот“.

akademija fin

Тој додаде дека целосно се посветени на започнате два големи проекти.

- Едниот го крстивме „Паметен град Велес“. Очекуваме во наредната година кога ќе биде готова Стратегијата да започнеме и со негова имплементација. Во наредниот период очекуваме Велес да добие паметно улично осветлување, паметен сообраќај, паметни контејнери за собирање на смет, со искористување на најдобар начин на предностите што ни ги нуди информатичката технологија. Другиот голем проект на кој што работиме е Стратегијата за план за одржлива урбана мобилност на Велес со кој очекуваме многу работи драстично да се сменат во нашиот град за кои барам поддршка од граѓаните за да ги смениме лошите навики во градот по улиците и тротоарите. Пред се приоритети да имаат пешаците, втор приоритет велосипедистите, трет добро организираниот почист и со зелени еколошки возила организиран јавен градски превоз а на крај приоритет да бидат нашите приватни автомобили. Целта е да ги истиснеме автомобилите од централносто градско подрачје како и во сите современо развиени европски градови. Градот сакаме да биде убав за нашите деца што значи дека ќе биде убав и за сите нас, рече Коцевски.

skratena fin

Градоначалникот го спомна и проектот што ќе го финансира Европската Унија имплементиран преку Светска банка а поврзан со развојот на транзитниот туризам на Езеро Младост, вреден над еден милион евра.

Упатувајќи благодарност до борците и сите што со својата саможртва ги задолжија генерациите на Велес, Коцевски им честиташе на добитниците на наградите и признанијата и ги повика сите велешани каде и да се да придонесат за нивниот роден град.

Grabulov fin

Годинава, добитник на престижната награда за животно дело „Гемиџии“ е др. инж. Венцислав Грабулов, научник, истражувач и универзитетски професор во областа на металните материјали. Тој е роден велешанец што по универзитетското образование заминал во Белград, Република Србија каде ги постигнал своите најголеми научно истражувачки достигнувања во областа на металните материјали.

Grabulov i Hristijan fin

Др. Грабулов во својот дом во Белград ќе ја има само плакетата затоа што паричниот дел му го донираше на осумгодишнот велешки генијалец Христијан Арсов. Чудото од дете има коефициент на интелигенција 145, е полиглот и особено се интересира за астрономија , математика и информатика.

Hristijan fin

Христијан пред присутните на свечената академија соопшти дека сака да биде инжинер на НАСА,архитект и научник.

studentka fin

Наградата за најстудент „др. Георги Шоптрајанов“ и беше доделена и на студентката по медицина Тамара Савевска со просек 9,91.

Dobitniciso Habitat fin

Годинешни добитници на Спомен плакета „9-ти Ноември“ се: Здружение за хумано домување Хабитат-Македонија, Друштвото за производство, трговија и услуги ДООЕЛ „Жито увоз извоз“, академскиот сликар Војко Јаневски, д-р Љиља Поцкова, Службата за превентивна здравствена заштита на предучилишни и училишни деца на Здравствениот дом во Велес, Општинското основно училиште „Благој Кирков“, Кирил Вангелов, Организација на жени на Општина Велес и поетот Игор Крајчев.

Dusko Petrov so dobitnici fin

Благодарница „9-ти Ноември“ добија: Меѓуопштинско здружение на лица со телесен инвалидитет Мобилност и Здружение на граѓани „Велес Бајкинг“.

prvi dobitnici fin

Добитнци на Пофалница „9-ти Ноември“ се: учениците Љубица Филипова, Теодор Анѓелески и Бојан Димовски, организаторите на настанот „Мовембер“, Спортско Планинарското Друштво „Зелен рај“, Дејан Митров и Коста Тахов.

mavili fin

Свечената академија ја отворија учениците на Музичко - балетскиот училишен центар „Илија Николовски - Луј“ од Скопје со настап во кој ја прикажаа традиционалната велешка свадба која завршува со песната „Мавили“ а ја затворија групата „Чалгии Мерак“.

Calgijasistem fin

crkovenhor fin

Во уметничкиот дел настапи и Камерниот –црковен Хор „Свети Великомаченик Пантелејмон“ од Велес./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Duma Izvorska Izvor na 300x250px 01

Screenshot 2

52407849 472689196598964 4414210414364065792 n

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

15 (петнаесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/03/2019 година.