Дива свиња истрчала на автопатот Велес – Скопје и удрила во возило за итна помош на велешката болница
На автопатот Велес – Скопје, пред возило за итна помош на ЈЗО Општа болница Велес, управувано од возачот А.П (48), кое превезувало пациент за итно лекување во скопските клиники поточно дете со изгореници по телото од село Кочилари, истрчала дива свиња. Дивото животно удрило во возилото и како последица од ударот со повреди се здобила и медицинската сестра Б.Д (52) која го придружувала пациентот за време на транспортот. Пациентот не е повреден.
Потоа на местото на несреќата пристигнало возило за Итна помош на скопските Клиники и ги превзело детето со изгореници како и медицинскта сестра за да ги транспортира во Ургентниот центар во Скопје. Детето било задржано на лекување а по интервенцијата и констатираните полесни повреди медицинската сестра Б.Д била пуштена на домашно лекување.
Како што изјави директорот на ЈЗО Општа болница Велес д-р Димитар Стровјановски, кој веднаш по информацијата за сообраќајната несреќа во петокот на 9 ноември, бил на лице место, за среќа не биле доведени во сериозна опасност безбедноста на пациентот и медицинската сестра додека возилото завршило со големи оштетувања.
По увидот од страна на полициска екипа на СВР Велес возилото со шлеп служба било пренесено на сервис во Скопје./У.Ј