Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Naslovna Liliposekerce

Кога на четири годишна возраст и го откриле високото ниво на шеќер во крвта на Тања Шатановска нејзиното семејство преживеало шок. Стресната состојба воопшто не било лесно да ја надминат нејзините родители. Мајката на ова девојче со солзи во очите, на одбележувањето на втората годишнина на Здружението на лица заболени од дијабет „Шеќерче – Лилипоп“ во Велес, раскажа што се сторила за своето дете и како успеала низ годините да се носи со стресот дека во семејството има дијабетичар и тоа е најмладиот член. Но, кога и таткото на ова девојче пред неколку години се соочил со дијабетот тогаш семејството уште повеќе било подготвено да се соочи дека ќе мора да ги пие таблетите наспроти неговата ќерка која е на инсулин.

Тања денеска има 26 години и со собраното искуство од едукации, размена на искуства дома и во странство веќе израснала во терапевт за лицата со дијабетес затоа што на блогот dijabitisismylive.com. им овозможува многу корисни информации на граѓаните со дијабетес.

- Мојата цел е преку блогот да допрам до луѓето на кои штотуку им дијагностицирале дијабетес затоа што тоа не е страшна работа туку напротив ќе живеат нормален и среќен живот. Ако покрај нив се нивните најблиски кои ќе знаат како да им помогнат кога нивото на шеќер во крвта ќе се покачи или ќе биде пониско, рече Шатановска.

Dime so doktorkata fin

Во изминатата година по сериозните преговори со Министерството за здравство граѓаните со дијабетес веќе имаат поквалитетен инсулин и глукометри како и постојана едукација во која се вклучени семејствата. Да се постигне ова воопшто не беше лесно вели претседателот на велешкото здружение „Шеќерче – Лилипоп“ , Димче Велев.

- Лобиравме и ЈЗО Општа болница Велес прифати да отвори Центар за дијабет. Сега лекувањето е многу поквалитетно и граѓаните со дијабет многу го посетуваат. Продолжуваме понатаму и пред себе си поставивме две цели а тоа се: во Домот за здравје да отвориме Клуб за дијабетичари каде психолози, педијатри, офтомотолози и кардилози ќе даваат поддршка на лицата со дијабетес за компликациите кои што се јавуваат додека зружението во сопствените простории ќе прави лични интервјуа, директни средби со засегнатите страни за да се испорачуваат решенија за лицата со дијабетес, рече Велев.

LilipopSekerce debata

Вклучувањето на стручните лица, особено на психолозите, беше едно од најчестите барања на оваа категорија на граѓани на дебатата на тема „Семејството има дијабетес или Дијабетесот има семејство“ што се разви на одбележувањето на Свесткиот ден за борба против дијабетесот - 14 Ноември, како и на двегодишнината од основањето на здружението во Велес.

- Заболените треба да научат да живеат со дијабетесот. Да ги применуваат физичката активност, исхраната, редовното земање на терапија и да го контролираат стресот поточно да ги избалансираат за да можат добро да го регулираат дијабетот. Особено кога се во прашање децата кои одат на училиште и нема да имаат никаков проблем да заминат на школски излет или екскурзија ако нивните врсници и професорите се едуцирани за самата болест. Така тие како и нивното семејство ќе знаат како да постапат ако се покачи или падне нивото на шеќер во крвта. Треба да ја отвориме оваа тема и да превземеме се што е во наша надлежност оваа тема да не биде табу. Не е ништо страшно да се биде на инсулин. Како општина и совет за јавно здравје заедно со Здружението „Шеќерче – Лилипоп“ мораме да развиеме кампања за сите да учествуваме во процесот на заштита и грижа за здравјето на овие лица со што сметам дека многу ќе помогнеме и ќе влијаеме на околината во која тие живеат а тоа е локалната заедница, рече д-р Ненад Коциќ советник и член на Локалниот совет за јавно здравје на Општина Велес.

Nagradeni Lilipop Sekerce fin

Според статистиката на Здружението „Шеќерче – Лилипоп“ на подрачјето на општините Велес , Чашка, Градско и Лозово годинава се регистрирани нови 79 дијабетичари на инсулин или 1087 од вкупно 6.500 граѓани./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

30 (триесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/02/2019 година.