Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

bolnicavelesoddron fin

Двата стари болнички лифтови се демонтираат за да започне поставување на нови. Тоа е причината за привременото пренасочување на движењето на пациентите и граѓаните кои ги посетуваат лежечките пациенти во централната зграда на ЈЗУ Општа болница Велес

stariliftovivobolnica fin

- Имено,главен влез за пациенти на болницата е влезот на Хируршки амбуланти. Одделот за интерни болести е преместен на Хирушкото одделение, втори кат во оддел А, каде се згрижени сите лежечки пациенти за интернистички лекувања. Ургентната интернистичка амбуланта е лоцирана исто така во Хируршки амбуланти и е соодветно означена. Пациентите од општа хирургија се сместени во просториите на оддел за ортопедија и урологија на втори кат во зградата на болницата. Итните случаи за гинекологија, акушерство, очно и ушно исто така го користат влезот на хируршки амбуланти како главен влез ,како и во случај кога пациентот има проблем со качување по скали. На влезот на хируршки амбуланти е присутно лице – портир кој ги насочува пациентите и веднаш го известува медицинскиот персонал на соодветното одделение. Се замолуваат граѓаните кои доаѓаат во посета на лежечките пациенти да го ограничат присуството во минимално потребното време, рече Марина Андова портпаролката на ЈЗО Општа болница Велес

Оваа состојба ќе потрае се до завршување на предвидените работи поточно до замената на старите со нови лифтови во централната зграда на велешката болница./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново