Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

privatni lekari fin

Приватните лекари во Велес ги облекоа белите мантили и излегоа на протест за да го изразат својот револт кон новите петгодишни Предлог Договори за работа со Фондот за здравство. Нема да ги потпишат затоа што со нив велат дека ригорозно се намалени правата и почитта кон нив од страна на Фондот и на Министерството за здравство. Ставот на приватните лекари во Велес и во државата го пренесе д-р Лилија Чолакова Дервишова претседателка на Здружението на приватни лекари на Македонија.

Таа наведе само три од вкупно 53 забелешки кон новите Предлог Договори за работа со Фондот за здравство. Ги издвои делумно признатата покана на пациентите за превенција наместо како досега целосно, намалување на износот на капитацијата па и затворање на приватна здравствена амбуланта се до вработување на нова сестра, за таа што го евентуално би го напуштила тимот, како и предлогот кој се однесува на казните кои ќе мораат да ги платат по основ на пресметка на вкупно остварениот буџет на приватната амбуланта.

- Од што ќе функционираат приватните здравствени установи? Ова се само неколку значајни причини кои покажуваат дека не ќе можеме да функционираме. Мора да се промени член 32 , мора да има ограничување на број на влезови, мора да има партиципација, мора да има придвижување на бод. Само така ќе ги задржиме лекарите,ако навистина не форсираме демагогија, лаги и неискреност. Треба отворено да ни кажат ако не требаат лекари уште преостанатите 1533 во државата да се спакуваме и организирано да си одиме за Германија, рече д-р Чолакова Дервишова.

Членот 32 се однесува на пациентите во Приватната здравствена организација и барањата на приватните лекари поврзани со него за да се овозможи нормално функционирање на амбулантата и кога од неа ќе си замине лекар или ќе се пензионира.

drColakova fin

- И сега пациентите ги опслужуваат двајцата лекари. Се отвараат боледувања, се пуштаат инјекции и се даваат други здравствени услуги. Никогаш лекар не враќа пациент на колегата во матичната амбуланта. Заради стабилноста и сигурноста на оваа фела што решила да остане во државата мора законите да бидат прилагодени кон нејзините потреби, додаде д-р Чолакова Дервишова.

Револтот всушност е поттикнат од ставот на здравствената власт во државата, Фондот и Министерството за здравство, да не ги прифати подолго време испорачуваните барања на приватните лекари. Д-р Чолакова Дервишова додаде дека тие се свесни за тоа што здравствениот систем пукал и крварел по сите капилари и пори но тоа што здружението го бара е прифаќање на дел од нивните барања./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново