Проект „Сензомоторен и логопедски третман на ученици“ во велешките основни училишта
Инклузијата како облик на воспитание и образование на децата со посебни образовни потреби е современа тенденција во училишната. Веќе низа години наназад, на децата со посебни образовни потреби им е овозможено да се образуваат во редовните училишта. Но, не секое училиште има вклучено дефектолог во својата стручна служба. Оваа потреба го поттикна тимот на Посебното основно училиште „Маца Овчарова“ во Велес да подготви и откако донатор го прифати да го реализира проектот „Сензомоторен и логопедски третман на ученици“.
Партнери на училиштето се невладината организација и основните училишта во кои нема вработено дефектолог и логопед, Св. Кирил и Методиј, Благој Кирков и ЈХК Џинот од Велес како и фирми. Дефектолозите волонтери од ПОУ Маца Овчарова ја спроведуваат дијагностичка проценка на евидентираните ученици со посебни образовни потреби во овие редовни училишта. Според добиените резултати и согласно утрвдените развојни проблеми и потешкотии изработуваат индивидуални планови за секој ученик посебно додека дефектолозите од невладината организација „Зрак“ спроведуваат индивидуален третман на детектираните ученици соодветно на потребите. Исто така се вклучени и родителите преку едукативни работилници на кој се запознаваат со значењето и придобивките од вклучување на нивните деца во процесот на индивидуален третман со соодветни дефектолошки методи и добиваат насоки за рано детектирање на евентуални проблеми на нивните деца.
Приватна аптека е донатор на помагала за спроведување на корективен третман кај децата и во аптеката се поставени донаторски касички, а парите кои ќе бидат собрани ќе бидат искористени за обновување на дел од дидактичките, конструктивни и нагледни материјали потребни за работа.
Предвидено е да се реализра хуманитарен концерт по повод 3ти Декември- Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, во соработка со Основното музичкото училиште „Стефан Гајдов“. Влезниците за концертот ќе бидат понудени на бизнис секторот во градот, кои покрај тоа што ќе можат да ги купат, ќе можат и да донираат одредени парични средства. На концертот ќе можат да присуствуваат и граѓаните. Собраните средстава ќе бидат наменети за ДПЛПП „Зрак“ и со нивна помош ќе се зајакне одржливостана на проектот.
– Крајната цел на поректот е да се подобрат психомоторни, сензорни и говорни способности на учениците со посебни образовни потреби и потешкотии во учењето инклузирани во редовни основни училишта во Велес. Исто така се надеваме дека со донаторските касички и хуманитарниот концерт, ќе биде поттикнат бизнис секторот во градот да донира за потребите на децата со посебни потреби. Искрено посакуваме и се надеваме дека хуманитарниот концерт може да премине во традиција и начин на финансирање на дел од активностите на организацијата, рекоа од невладината организација „Зрак“.
Проектот се реализира од јуни,годинава до април 2019 година. Финансиран е од програмата за доделување грантови на проектот „Промени за одржливост“ на ЕУ. Го спроведуваат Конект во партнерство со Фондација Аполонија и Центарот за даночна политика./У.Ј