Две лица повредени во тепачка со нож во велешко Горно Оризари
Објавено на 28 ноември, 2018 во 21:22
Две лица биле повредени со убодни рани во тепачка со нож што се случила синоќа во велешко Горно Оризари. На повредените им е укажана медицинска помош во Општата болница Велес по што се пуштени на домашно лекување, а лицето кое употребило нож е приведено.
„Синоќа околу 21:30 часот во село Горно Оризари, по претходна расправија настанала тепачка помеѓу А.К.(36), Х.К.(19) и С.К.(43) од селото, при што во еден момент А.К.извадил и нож,“ соопшти портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Во Општа болница Велес кај Х.К. и С.К. биле констатирани повреди, а А.К. бил лишен од слобода.
По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци./У.Ј