Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Dimov fin

Велешката опозиција обвини дека „далеку од очите на јавноста, изолирани од надворешниот реален свет, во еден медиумски мрак“ градоначалникот Аце Коцевски и мнозинството во Советот на Општина Велес предводено од СДСМ ,, носат штетни и контрапродуктивни одлуки за нашиот Велес“. Ова обвинување и прозивка, соопштени на прес конференција во партиските простории на ВМРО ДПМНЕ, се однесуваат на кренатите два прста за предлогот на Управниот одбор на ЈКП „Дервен“ за зголемување на цената на водата од страна на советниците Бесим Ахмедов и Весна Богоевска Стојановска кои претходно не гласале поради конфликт на интереси, поточно вработени членови на семејствата во јавнотот претпријатие.

„Меѓутоа на следната седница одржана на 26.11.2018 година, одлуката беше повторно ставена како точка од дневниот ред , за повторно изјаснување. Овој пат од 21 присутни во салата одлуката беше донесена со 11 гласови за и 10 против.Изземање на советниците кои досега се изземаа од гласање немаше. Со поименично гласање се изјаснија и гласаа за членовите на Советот кои една година наназад се изземаа од гласање заради конфликт на интереси, дури и по истата одлука , и тоа го направија баш на одлука која е на штета на граѓаните со покачување на цената на водата за пиење. Спротивно и без никаков срам и морал Аце Коцевски, истиот кој во својата изборна кампања ветуваше намалување на цената на водата за пиење сега ја носи оваа одлука заедно со своето советничко мнозинство. Измама и неодговорност е, и покрај тоа што градоначалникот ја знаел цената на водата за пиење од Регулаторната Комисија за енергетика на РМ, да ветува намалување на цената и со тоа да придобива политички гласови. Ова не му доликува на еден татко на градот, ова не му доликува на сериозен политичар и човек кој давал ветувања дека општина Велес ќе ја направи најдобра општина во Р. Македонија и спротивно од неговите ветувања уште еднаш удри по џебот на граѓаните,“ рече Ангел Димов, член на Советот на Општина Велес од ВМРО ДПМНЕ.

Тој појасни дека претходно на предлог на мнозинството ,прво точката која се однесуваше на новата цена на водата за пиење за граѓаните на општина Велес за периодот од 2018-2020, предложена од Управниот одбор на ЈКП „Дервен“, беше симната од дневен ред на 21 седница на Советот, за повторно да биде вратена на наредната и изгласана со 10 гласа за, што не преставувало мнозинство од вкупно 20 присутни членови на Советот, па градоначалникот го запрел објавувањето на Решението во Службен гласник за на 23 седница со гласовите на двајцата советници Ахмедов и Богоевска Стојановска конечно да биде изгласано зголемувањето на цената на водата. Димов го праша Коцевски:

- Овде ве прашуваме Господине Коцевски, дали откако не го овозможивте потребното мнозинство на советници од вашите редови кои ќе гласаат ЗА оваа точка, се одлучивте да замижите и премолчите на гласовите ЗА од страна на советници кои цела година наназад се изземаа од гласање заради судирот на интереси?/У.Ј

 

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново