Фирмата „АПИА ДОО“ од Љубљана ќе го изработи Планот за одржлива урбана мобилност на Велес
Заврши тендерската постапка за Стратегијата на Општина Велес, планот за одржлива урбана мобилност заврши. Тендерот за изработка на документот го доби компанијата „АПИА ДОО“ од Љубљана, Република Словенија.
Делегација предводена од Градоначалникот Аце Коцевски, претставник од Одделението за урбанизам на Општина Велес и домашниот експерт Јован Христовски од Факултетот за технички науки при универзитетот „Мајка Тереза“ ќе присуствуваат на потпишувањето на договорот во Љубљана, Словенија, на 5 декември. Потоа експертите ќе започнат со работа.
Тие освен на потпишувањето на договорот, во рамките на студиската посета, на лице место ќе ги видат искуствата на Љубљана како град лидер во областа на одржливата урбана мобилност.
Општина Велес се стреми да биде првата општина во Македонија со ваков план кој ги исполнува европските стандарди за одржлив урбан развој.
Станува збор за стратешки документ кој овозможува развојот на урбанизмот, сообраќајот, енергетската ефикасност и екологијата со цел да обезбеди полесен и поубав урбан живот за граѓаните во локалната заедница.
Исто така, делегацијата на Општина Велес на 6 и 7 декември во Загреб ќе биде дел од собирот за одржлива урбана мобилност на „Цивинет“. Станува збор за мрежа на градови од Југоисточна Европа каде членува општина Велес. На овој собир ќе се промовираат искуствата на Хрватска и други земји во регионот и Европа./У.Ј