Велес добива новогодишно руво
Завршуваат празничните подготовки во Младинскиот парк во градот. Денеска работниците на фирмата за одржување на градското улично осветлување ги местеа и поврзуваа пропратните реквизити околу поставената новогодишна елка. Тие вечерва ќе треба да бидат вклучени во електричното напојување и да придонесат за дополнителниот празничен новогодишен и божикен амбиент во градот.
Украсувањето на Младински парк следи откако новогодишни светлечки реквизити се поставени над главните сообраќајници. Потоа како што најавија службениците на општината, кои го следеа и контролираа украсувањето во паркот, со нови новогодишни топки ќе се збогати празничната атмосвера и на двата јавори на плоштад „С`рмаале“ и кај кружниот тек пред Стоковна куќа.
Красењето по повод новогодишните и божикни празници ќе заврши со поставување на светлечки елементи, украси, и на источната страна на Велес. /У.Ј