Нема нови новогодишни украси, тефтери и календари ,годинава, во Велес но ќе има парична помош за 100 сиромашни семејства во општината
Година Општина Велес наместо новогодишни украси, календари и други промотивни материјали предвидените средства во буџетот ќе ги донира на 100 социјално најзагрозени семејства од Велес.
– Одлучив средствата да ги донираме на социјално најзагрозените семејства и да придонесеме овие наши сограѓани да имаат убави и исполнети празници со своите семејства. Да ги заборават проблемите и грижите и барем за момент да ја почувствуваат топлината и радоста на празниците“, рече Коцевски.
Осумдесет од нив се од градот и 20 од населените меставо општината. Вкупната вредност на донацијата е 300.000 денари. Списоците на семејствата ќе ги даде Меѓуопштинскиот центар за социјална работа. Секое од овие 100 семејства кои се соочуваат со социјални проблеми пред новогодишните празници ќе добие по 3000 денари./У.Ј