(ФОТО) Општина Велес ги прогласи најуспешните Велешани во 2018 година
Општина Велес денеска ја одржа традиционалната Новогодишна свеченост посветена на најуспешните поединци во 2018 година. На свеченоста беа доделени повеќе награди и признанија. Прво беа прогласени добитниците на награди од конкурсот за најдобра новогодишна илуминација. Наградата за нај убаво уреден осветлен излог им беше доделена на на Јован Нешов за бутикот “Зик зак” и Трајче Давчев за бутикот „Бронкс“.
Наградата за најубаво уреден, осветлен објект, поточно двор ја доби Владимир Николов за објект на улицата.„Горги Димитров“бр.7 . Наградата за најубаво уредена осветлена тераса им беше доделена на Јасмина Талевска и Љубомир Илиевски.
Непрофитното друштво „Нулта Отпад“ ги додели наградите за најдобар собирен центар за отпад во училиште и објект градинка. Првата награда му припадна на ООУ „Блаже Конески“, а втората награда на ООУ „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“. Пофалници добија ООУ „Рајко Жинзифов“ и ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев“.
На свеченоста беа наградени најдобрите средношколци стипендисти : Љубица Филипова, Стојан Илиевски, Александар Манев,Анастасија Андовска, Симона Андовска и Христијан Киров.
Одлуките за стипендии им беа доделени и на најуспешните студенти: Надица Шкрекова, Сандра Ташковска, Изабела Апцева, Ирена Христова, Маја Костадиновска, Панче Петрески, Марија Мијакова и Тања Илиевска.
Од редовите на општинската администрација за најуспешни во 2018 година беа наградени Љупче Андреевски, Оливера Чанева и Пенчо Кимов.
Градоначалникот Коцевски додели и јубилејни награди за вработените Марина Бојаџиева, Златко Димов, Милан Миов, Билјана Вељанова и Силфана Ончева.
Награда за најдобар работник ја доби Коче Кочев од ЈКП „Дервен“.
Коцевски на малиот велешки генијалец Христијан Арсов му додели парична награда.
Најградата за најхрабра велешанка и беше доделена на Татјана Пановска која во август годинава храбро му се спротивстави на разбојник во продавницата во која работи.
За хуманист на годината беше награден крводарителот Димче Арсов.
Миле Маџаров, секретар на Општинската организација на Црвениот крст ја доби наградата за континуиран придонес во развојот на крводарителството и хуманоста во Велес и Република Македонија.
Во чест на наградените, настапија маестро Зоран Џорлев и дуо „Долче“.