Старец настрада во пожар во велешко Горно Оризари
Објавено на 2 јануари, 2019 во 09:25
Во пожар што се случи во куќа на улица „Првомајска“ бр. 51, веднаш до џамијата, во центарот на велешко Горно Оризари вчера загина осумдесетгодишен маж.
Како што информира МВР, пожарот се случил вчера утро во 10.15 часот во куќа сопственост на Р.М.(80).
Интервенирале пожарникарите кои го пронашле починат Р.М. Направен е увид од страна на СВР Велес кој треба да покаже од што избувнал пожарот.
Засега не се познати причините за пожарот./У.Ј