Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

bolnica fin

Има доволно неискористен простор во ЈЗО Општа болница кои може да се пренамени за многу покорисни намени и потреби на граѓаните во Велес. Со оглед на фактот дека во градот живеат голем број на возрасни граѓани, кои останале без својот брачен другар, брачни другари од чии домови се исселиле децата и заминале во странство или динамичниот живот и борбата за егзистенција на помладите сограѓани е причина за се помалку време кое можат да го посветат на своите возрасни родители неминовно се отвора проблемот за сместувачки капацитети кои ќе нудат севкупна грижа за возрасната популација. Анализирајќи ја ваквата состојба менаџерскиот тим на болницата дошол до идеја за отворање на геријатриско одделение во склоп на јавната здравствена институција во Велес.

d r Strovjanoski

- Бидејќи популацијата ни старее и до 2050 година двојно ќе се зголеми бројот на стари граѓани градот ќе има потреба од објекти за сместување на граѓани над 60 години што влегуваат во оваа категорија кои според старосната граница што ја смета Светската здравствена организација. Ако сега тој процент изнесува 12 тогаш до 2050 година процентот ќе се зголеми за 10 поточно ќе изнесува 22%. Овие статистички показатели не треба да предизвикуваат страв туку треба да бидат поттик за подготовки барем на капацитетите што ги имаме да ги прилагодиме на нужните потреби што секако дека ќе се појават, рече директорот д-р Димитар Стровјаноски. 

Затоа велешката болница, годинава, ќе конкурира за добивање на дозвола за отворање на геријатриско одделение во објектите кои смета дека се недоволно искористени. Постапката ќе ја започне наскоро. Доколку наиде на разбирање од страна на државните институции тогаш до крајот на календарската година ќе биде возможно да се создадат услови за да профункционира геријатрија и во Велес./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Duma Izvorska Izvor na 300x250px 01

Screenshot 2

52407849 472689196598964 4414210414364065792 n

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

15 (петнаесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/03/2019 година.