Заев: Железни опинци ќе облечам, во Македонија ќе има просечна плата од 500 евра
Динамичен економски развој на државата и низа мерки за подобрување на животот на граѓаните и работата на компанииите најави премиерот Зоран Заев на трибината насловена „Парите кај граѓаните, инвестиции и поддршка на домашни компании – Економија која функционира за секого“ што Владата на Република Македонија ја организираше со Велешани во големата сала на Општина Велес.
– Тоа што беше навидум невозможно го направивме возможно, за Македонија се зборува во суперлативи. Имавме среќа што имаме прогресивни демократски сили во Грција. Нема повеќе изговори, сега мора да се работи и Македонија да тргне напред“. Железни опинци ќе облечам 500 евра просечна плата во Македонија ќе има. Оваа година имаме уште едно покачување на минималната плата но не го оставаме но не ја оставаме трудоинтензивната економија во државата на милост и немлост. Тука сме да помогнеме, да вбризгаме пари, да го компензираме долгот кој што неможат да го издржат текстилната, кожарската индустрија и другите трудоинтензивните дејности за да можат компаниите да живеат и да профитираат и да создаваат дополнителен приход а и граѓаните да живеат со својата плата, рече Заев.
Премиерот додаде дека е доста од политика и политиканство, дека мора да се засукаат ракавите како и дека државата ќе ја биде, само ако народот има пари, а во таа насока се фокусирани и владините политики. Проценувајќи дека Македонија има капацитет и тоа мора да го искористи, да овозможи луѓето достоинствено да заработуваат и да живеат за младите да не си одат додаде:
– Ветувам и храброст и одважност. Ќе правиме економија за достоинствен живот на граѓаните. Мора да имаме економски задоволни граѓани. Со сите политики, со стабилизирани финансиски аспекти, со пријатели по целиот свет, со фондови од ЕУ, и тоа како ќе го подигнеме стандардот. Најавувам храбри одлуки. Ве повикувам да ме следите. Да работиме сите, министри, администрација, општини. Ова наше парче земја да го направиме достоинствено место за живеење, истакна Заев на трибината „Силна економија, шанса за сите.
Заев во Велес најави ново економско време за Македонија со нови инвестиции како безбедносно стабилна држава и како држава која ќе има пристап до структурните и кохезионите фондови за ЕУ. Но како што во неколку наврати повторија со потпретседателот за економски прашања Кочо Анѓушев на сите мора да им биде јасно дека мора да се работи. Потоа обајцата одговараа на поставени прашања и со нив директно дискутира./У.Ј