Мртов маж, вчера, пронајден во неговиот дом во Велес
Објавено на 31 јануари, 2019 во 08:55
Вчера утро, среда 28 јануари, во неговиот дом мртов бил пронајден триесет и шест годишниот велешанец Г.Т. Случката била пријавена околу 07.00 часот во СВР Велес.
Смртта кај триесет и шест годишниот маж, во домот на улица: .„Хаџи Косте“ ја констатирале лекар на Итна медицинска помош.
Лекарот исто така констатирал дека на телото на починатиот нема траги на насилство.
Увид на местото извршила екипа од СВР Велес додека по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е пренесено на обдукција во Институтот за обдукциска медицина во Скопје./У.Ј